Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Николоски во Вашингтон: Инвестираме во инфраструктурата и транспортот, соработката со Светска банка е на високо ниво, ќе има нови проекти за општините

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во Вашингтон САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка, со кој разговараше за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка за развојни проекти во државата.

Притоа, вицепремиерот Николоски истакна дека подршката на Светска банка е значајна во делот на инфраструктурата и транспортот и најави нови проекти за општините.

Вицепремиерот, како што информираат од Министеството за транспорт, е еден од главните говорници на Глобалниот настан „Transforming Transportation 2026″, во Вашингтон, кој е во организација на Светска банка, каде се говори за развојот на инфраструктурата и транспортот и неговото влијание за економскиот развој. 

Реклама

-Ми претставува огромна чест овие два дена да се биде во Вашингтон во седиштето на Светска банка и да можам да се обратам како еден од главните говорници на глобалниот настан што го организира Светска банка, каде ќе се осврнам на транспортот, комуникациите инфраструкурата и на се она што го работиме. Ќе имаме можност да зборуваме за проектите што ги реализираме во Македонија. Средбите се на високо ниво,вели Николоски.

Тој додава дека ние досега имаме одлична соработка со Светска банка, и оти нема општина, нема град, нема село во Македонија каде во моментов не се работат локални улици токму со средства од Банката.

– Некаде околу 286 киломери локални улици се прават со подршка од Светска банка. Исто така, ја подобруваме состојбата во Царината, каде во еден систем ќе се интегрираат осум институции каде ќе значи побрз проток на стока и луѓе и нема да има застанување на граница за товарниот сообраќај што многу значи во едни вакви предизвикувачки услови. Тука е реконструкцијата на двата граничнини премини, Ќафасан кој не спојува со Албанија и Деве Баир кој не спојува со Бугарија, а во следниот период ќе работиме и на Интелегентни транспортни системи, ќе работиме на подобрување на состојбата во сообраќајот во Царината и останатите сектори каде имаме заедничка соработка. Најавувам бројни нови проекти, кои ќе ги работиме во соработка со Светска банака во Македонија, особено во делот на урбана мобилност каде пилот проект имаме во Скопје, а потоа ќе го прошириме во останатите градоови, вели вицепремиерот и министер за транспорт.

Според него, најважно во овој момент она што е основен предизвик за голем број на општини е хигиената и оти заедно со Светска банка работат на еден проект за  Град Скопје во чии рамки ќе обезбедат возила за Комунална хигиена каде целосно треба да ја променат сликата за чистотата на општините.

– Навистина е големо задоволство да бидем избран еден од тројцата кои ќе се обратат на годишната конференција која ја прави Светска банка овде во Вашингтон. Тоа е признание за Владата, признание за напорната работа и ќе продолжиме со нашите меѓународни партнери да ја равиваме Македонија, да отвораме нови добро платени работни места и луѓето да остануваат во Македонија, изјави вицепремиерот Николоски.

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за   одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: