Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Николоски: Во фокусот е модернизација на инфраструктурата и унапредување на регионалната поврзаност

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.

На средбата се разговараше за имплементација на Договорот за транспортна заедница кој е во согласност со започнатиот процес на интеграција во европските структури.

Министерот Николоски го потенцираше значењето на реализација на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура на Коридорите 8, 10 и 10 -д како дел од Европската мрежа на транспортни коридори. Тој увери за силната заложба на Владата за унаредување и модернизација на истите.

Реклама

На средбата се отворија и  прашања за поголема соработка и поврзаност со земјите од регионот.

-Верувам дека Договорот за основање на транспортна заедница на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата.  Се надевам дека преку спроведувањето на Договорот за транспортна заедница целосно ќе се интегрира регионот во Европското транспортно семејство и ќе ја надополни политиката на проширување на Заедницата, истакна министерот Николоски на средбата.