Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. 

– Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа, рече Николоски на партиска прес-конференција.

Убеден е дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник.

Реклама

-Орце води 1:3, истакна Николоски.

Во однос на противкандидатот за град Скопје, Амер Мециновиќ од Левица, посочи дека „сме партнери со  САД и НАТО“ и оти тоа е една од причините зошто напредуваме. 

Ја потенцираше, како што рече, убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во бастионот на СДСМ во Струмица и посочи дека оставката од Филипче треба да следува како морален чин. 

Николоски смета дека во вториот изборен круг во општина Карпош  граѓаните нема да гласаат за Стевчо Јакимовски, кој е противкандидат на Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.

–  СДСМ и ДУИ во наредниот период ќе се занимаваат сами со себе, оцени Николоски.