Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Николоски: Влеговме во силен инвестициски циклус во инфраструктурата, работиме на проекти кои треба да донесат нови вработувања

Работиме на еден голем инвестициски циклус во делот на автопатиштата, на експресни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работиме на еден голем инвестициски циклус во делот на автопатиштата, на експресни и регионални патишта, железничката инфраструктура, болници, во секторот образование и други сектори кои ги развиваме. Се работи за тековни и нови проекти и проекти кои што треба да донесат нови вработувања, потенцираше вицепремиерот Николоски во неговото последно интервју.

-Во моментов градиме паралелно четири автопати со амбиција да отвориме и петти. Го градиме Тетово-Гостивар, го градиме Гостивар -Букојчани, го градиме Гостивар-Кичево, Кичево-Охрид кој е во напредна фаза, го градиме Прилеп – Битола и дополнително на ова имаме активен тендер за Кичево-Букојчани. Се градат експресни патишта, втората фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, делницата од Дреново до Фариш, таа е пред завршување ќе ја пуштиме за сообраќај. Тука е делницата од Богданци до Гевгелија, имаме и други регионални патишта, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека за период до два месеци ќе излезе со детални информации за нови проекти. Исто така потенцираше дека за реализација на овие проекти, дел се обезбедени средства од буџетот, дел ќе се обезбедат во вид на заеми.