Реклама

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Економија

Николоски: Три понуди за изведувач на автопатот Букојчани – Кичево, изградба од март следната година  

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски уверува дека Гостивар ќе стане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски уверува дека Гостивар ќе стане центар со автопатско и железничко поврзување со тековните проекти за автопатите во изградба Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, за новата делница Букојчани-Кичево и најавената рехабилитација на пругата Скопје-Кичево. Ветува специјална  програма за поддршка на оваа општина по локалните избори, откако преку двата повика на Владата за проектите со коишто аплицрала биле одвоени девет милиони евра. 

– Имаме сериозна поддршка за општина Гостивар, во првиот повик што се реализираше минатата година вкупната поддршка е 160 милиони денари, а дел од тоа е и за ул. „Мара Угринова“ на која се работи, а во вториот повик кој заврши пред распишување на изборите имаме 39 проекти и поддршка од 380 милиони денари, или заедно 540 милиони денари, над девет милиони евра како директна поддршка на општина, изјави Николоски, кој денеска беше во посета на Гостувар каде изврши увид  на работите на ул. „Мара Угринова“. 

Вицепремиерот Николоски најави дека по завршувањето на изборите и според него извесната победа на кандидатот за градоначалник на Гостивар на Влен и коалициски партнер кој има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и каолицијата,  за општина Гостивар ќе има специјална програма преку Министерството за транспорт. –

Реклама

Подготвените проекти ќе ги реализираме веднаш. Тоа ќе зависи од подготвеноста на општината, а заеднички ќе работиме на подготовка на нови проекти што потоа би ги реализирале, посочи Николоски. 

Исткна дека кога ја презеле власта  наследиле само потпишан договор и непочнати работи на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, но оти по преземените активности сега на двата патни правца се работи интензивно.

– Експропријацијата е скоро завршена, сега се работи на дислокација на водови и отстранување на одредени објекти кои се на трасата. Дополнително на тоа,  Гостивар-Букојчани е најтежок инженерски потфат, од 32 километри 17 се пробиени. Во  март ќе почне да се гради и од делот од Букојчани кон Гостивар, првпат во Македонија, ќе се гради автопат од две страни и да се спои практично на средина, рече Николоски. 

Тој потврди дека на јавниот повик за  избор на изведувач на автопатот Букојчани-Кичево има три понуди, а следува евалуација и избор на најдобрата. –  Очекувам во март да имаме вовед во работа. Ако на тоа надоврземе дека на автопатот Кичево-Охрид веќе пуштивме 34 километри, а активно работиме на пуштање и на останатите тоа би значело дека некаде крајот на 2028 почеток на 2029 Гостивар навистина ќе стане центар затоа што ќе има комплетно автопатско поврзување на Коридор 8 од една страна и од друга странаод Охрид преку Кичево, Струга, Граничниот премин Ќафасан и спојот со Албанија, што очекувам дека многу ќе помогне во развојот на економијата и трговијата, изјави Николоски. 

Како што оцени, комуникацијата и начинот на живот во Гостивар ќе се промени и со проектот за рехабилитација на пругата Скопје-Кичево. Со активностите што треба да завршат до 2029 година од Скопје до Гостивар со воз ќе се патува за 40 минути.

– Владата веќе усвои грант од ЕУ за изработка на предфизибилити студија, физибилити и еколошка студија и проектна документација за целосна рехабилитација, сигнализација и електрификација на пругата којашто оди од Скопје преку Јегуновце, Тетово, Гостивар до Кичево. Според барањата на ЕУ, за 18 месеци документацијата треба да се заврши и се надевам дека во 2027 година да биде избран изведувач кој би работел, а во 2029 година да заврши проектот, возовите да се движат со 120 километри на час, што значи дека за 40 минути ќе се патува од Гостивар до Скопје,  а од Тетово до Скопје за 20. Тоа целосно ќе ја промени комуикацијата и начинот на живот во овој дел од државата што ќе значи многу повеќе луѓе да останат во градот, да ја видат тука својата иднина и да се развива бизнис и да има поурбан живот кој ќе значи подобра иднина за сите, изјави Николоски.