Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Николоски: Тренчевска зема дебели пари од фондацијата Сорос за да застапува родова еднаквост

Број два на листата во четвртата изборна единица од СДСМ е доскорешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Број два на листата во четвртата изборна единица од СДСМ е доскорешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, ја знаете добро, која што нашите деца сака да ги учи дека немало разлика дали се машки или женски, дека немало родители, туку имало родител 1 и родител 2, и води некакви си таканаречени родови политики за кои што земаат дебели пари од фондацијата Сорос. Сакам од овде јасно да кажам за ВМРО-ДПМНЕ, за нас, постојат тато и мајка и деца. Тоа е суштината на македонското семејство, порача потпретседателот и носител на изборната единица 4 Александар Николоски на денешниот митинг во општина Струмица, во рамки на претседателските избори.

Николоски додаде и рече дека за ВМРО-ДПМНЕ има разлика, а тоа е дека мажите се мажи, жените се жени, и ниту една фондација, ниту едни пари, ниту пак продадени души како тие од СДСМ нема да го променат тоа.

За нас мажите се мажи, жените се жени, момчињата сер момчиња, девојчињата се девојчиња и има здраво да живеат во пристојни семејства, а не да водиме некакви си родови политики. Затоа што она кое што го дала природата ниедна фондација, ниту едни пари, ниту едни продадени души не можат да го променат, вели Николоски.

Реклама

Николоски истакна дека носителот на изборната единица 4 од СДС, Венко Филипче Венко е виновен за 397 семејства се зацрнија во Струмица и струмичко за време на корона кризата, бидејќи тој тогаш водел грижа само за лична промоција.

Второ тој што е пред нејзе првиот на листата слушам често доаѓа тука во Струмица, самиот знае зошто. Да го прашам дали не го гриза совеста кога цела јавност знае дека додека водеше личен пи-ар и лична промоција во 2020 и 2021 година, од Струмица и струмичко, четирите општини кои што гравитираат кон струмичката болница 397 семејства се зацрнија, 397 луѓе го изгубија животот само во корна кризата, додека тој водеше лична промоција и личен пи-ар. Дали не го гриза совеста кога доаѓа тука и да помисли на овие семејства на кои што не им пружи основна здравствена заштита, туку мислеше само на сопствената промоција“, рече Николоски.