Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Николоски: Треба да се одложи воведувањето на системот ЕЕС за транспортерите

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Собранието изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Собранието изјави дека се согласува со ставот дека треба да се одложи воведувањето на системот ЕЕС за транспортерите. Николоски на седницата за опозициски прашања рече дека Владата го поддржува ставот на Комората на странските инвеститори во Македонија во врска со системот ЕЕС за влез и излез од ЕУ и најави дека по седницата, ќе има состанок со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на оваа тема.

– Се надевам дека еден заеднички притисок ќе даде резултат. Исто така, на вчерашната седница на Владата го задолживме Министерството за надворешни работи и надворешна трговија повторно да се обрати до ЕУ со барање да се одложат овие правила, така што се надевам дека овој проблем ќе се реши затоа што е огромен и затоа што претставува сериозен удар врз економиите од целиот регион на Западен Балкан – рече Николоски.

Тој посочи дека за ова со Европската Унија се разговара повеќе од една година, но рече и оти не наидуваат на разбирање.  

Реклама

– Ќе им пренесам дека ова што го прават практично ќе значи смрт за економијата во регионот, но исто така ќе значи и затворање многубројни странски инвестиции, кои функционираат во регионот, а доаѓаат токму од земји членки на ЕУ. Намерно користам збор од регионот затоа што ова се однесува за целиот Западен Балкан, не е само за Македонија – рече Николоски.

Тој рече дека транспортерите не може да извадат работни визи и затоа што немаат еден работодавач во конкретна држава земја членка на шенген-зоната и на тој начин е невозможно да извадат работна виза од превозниците и само транзитираат во шенген-зоната за да стигнат до Велика Британија. Има многубројни проблеми што се отвораат – додаде Николоски.

Одговарајќи на прашањето на пратеникот од опозицијата Митко Трајчулески, Николоски рече дека вчера разговарал со претставници на повеќе сектори и бизниси во Македонија и оти тоа не само што ќе влијае на директните работни места што ќе се затворат туку исто така ќе влијае и9 на компаниите, односно основните стапки во нивното работење. 

Николоски рече дека јавноста треба да има претстава оти имаме многу серозни предизвици како регион, кои силно ќе удрат врз економијата.