Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Николоски: Се готви нов криминал- омилената фирма на власта доби нов тендер во РЕК Битола тежок 46 милиони евра

Нова скандал во ЕСМ. Омилената фирма на власта, Марковски компани повторно го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова скандал во ЕСМ. Омилената фирма на власта, Марковски компани повторно го доби тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола, сега тежок цели 46 милиони евра народни пари, што го направи еден од најголемите тендери во изминатиов период. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски се сомнева дека станува збор за дил меѓу СДСМ и ДУИ, едната да земе пари од ископот, а другата од увозот на јагленот. Не само што повторно е избрана истата компанија, туку нивната понуда била повисока за цели 30 проценти за разлика од другите. Според Николовски, понудата која што е прифатена е во вредност од 129.7 денари по гига џул, а имало и понуда која што била 100 денари по гига џул. Тој прашува, каде ќе завршат парите, односно разликата од 30%.

Во таа насока би сакал да презентирам пред јавноста уште еден документ. Имено Владата носи одлука на 28.12.2023 година која вели во наредните 6 месеци Електрани на Македонија да не ги реализираат тековните и предвидени набавки за ископ на јаглен и помошна механизација, како и секоја набавка над 30 милиони денари и да ја информира Владата пред да донесе соодветна одлука, рече Николовски.

Имајќи предвид дека во следниот период се очекува да се распише тендер за фантастични 100 милиони евра за увоз на јаглен, Николовски прашува дали е тоа дел од дилот помеѓу СДСМ и ДУИ каде во братската пљачка СДСМ ќе краде од РЕК Битола, а ДУИ ќе краде од увозот на јаглен.

Реклама

И финално, клучно прашање што сакам да го поставам на оваа прес конференција зошто директорите во РЕК Битола прво се противеле, а потоа се согласиле да го потпишат овој тендер. Нивните имиња се Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, а под него се потпишани 5 имиња Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски. Зошто овие 6 луѓе прво се противеле, а потоа решиле да го стават својот потпис на договорот со Марковски компани за криминален ископ на јаглен со цена 30 проценти повисока од конкуренцијата. Дали е тоа случајно, рече Николовски.

Николовски посочи дека веднаш по изборите, откако ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, овој случај и неговото расчистување ќе биде приоритет број еден на нивната влада, и сите вмешани соодветно ќе одговараат.