Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Економија

Николоски: Први чекори кон директна авиолинија од Саудиска Арабија

Министерството за транспорт почна постапка за склучување спогодба за воздушен сообраќај со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за транспорт почна постапка за склучување спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, со што, како што соопшти денеска, ќе се воспостави правна рамка, што ќе овозможи отворање редовни авиолинии со таа држава. 

Меѓу двете држави досега не се одржувал воздушен сообраќај и се очекува воспоставувањето редовни авиолинии да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.

– Со спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците преку поттикнување конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди. Македонија и Саудиска Арабија негуваат пријателски односи, со заемна заложба за унапредување на економската и трговска соработка, зголемување на инвестициите, како и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес – вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Од Министерството за транспорт потенцираат дека склучувањето вакви спогодби во меѓународни рамки претставува важен инструмент за унапредување на поврзаноста меѓу државите и зајакнување на економската, политичка и институционална соработка.

Реклама

– Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за почнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај во согласност со националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство – се вели во соопштението.