Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Николоски: Преку 250 милиони денари се инвестира во проекти во Радовиш

Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш за подобрување на инфраструктурата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш за подобрување на инфраструктурата и развој на општината. Отворени сме за соработка, доколку Општината има готови проекти ние сме подготвени да ја подржиме, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски при посетата на општина Радовиш.

-Само во еден инвестициски циклус, само преку Министерството за транспорт, во различни проекти инвестираме околу 250 милиони денари, што мислам дека ќе се согласите е една сериозна сума која што претходно не е видена како инвестиција во општината. Дали се работи за директни проекти преку Министерството за транспорт или се работи преку Македонија пат или се работи за владини програми, кога сите проекти ќе се соберат, се доаѓа до оваа сума што е платена во Општината. Ќе продолжиме да ја поддржуваме во следниот период, отворени сме за нови проекти и ќе продолжиме да работиме на нови проекти- изјави  Николоски.

 Вицепремиерот Николски истакна дека Владата во континуитет овозможува поддршка на општините во инфраструктурни проекти.

Реклама

 – Oвде во Радовиш работевме проект на улицата „Илија Алексов“ во урбаниот блок 15. Генерално, гледате дека ги поддржуваме многу општините. Веќе е активен вториот повик, каде што апликациите доаѓаат од општините. Имаме средства кои што се во рамките на Министерството за транспорт што можат да се искористат, доколку Општината има готови проекти, ние сме спремни да ги подржиме- рече заменик претседателот на Владата, Николоски. 

​Градоначалникот на општина Радовиш, Љупче Почивалец при посетата на вицепремиерот Николоско истакна дека со средства од Министерството за тармспорт и врски се реализира проектот Малешевски пат. 

-Тоа е проект кој што е заеднички финансиран од Министерството за транспорт и врски и општина Радовиш, од кој што поголемиот удел во вредноста на проектот е на Министерството за транспорт и врски, вредност некаде околу 50 милиони денари.​Денес ќе поразговараме и за проектите коишто планираме да ги реализираме во Општина Радовиш, со коишто еве и Министерството ќе може да ни помогне во реализацијата на истите, ќе поразговараме исто така и за делот на урбанизацијата во градот и населените места, кој што исто така е голем чекор напред доколку можеме да изреализираме-рече Почивалец. 

​Посочи дека во моментот во општина Радовиш се реализираат  повеќе проекти со поддршка  од Владата. 

– Тоа е реконструкција на, ние што би рекле, старата Стоковна куќа во нов мултифункционален културен центар, кој што има исклучително висока вредност, повеќе од 4.200.000 евра, којшто се надевам дека еве за некој период од шест до девет месеци целосно ќе биде завршен  

​и целосна реконструкција на Центарот за култура „Ацо Караманов“, кој исто така е финансиран од Владата на Република Македонија во износ од 50 милиони денари-подвлече Почивалец.

Градоначалникот на Радовиш, Почивалец најави дека во завршна фаза е и новиот Градски пазар, за кој очекува да биде пуштен во употреба за околу еден месец, чија вредност е 2 милиони евра и се реализира од буџетот на Општината.