Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на субвенционирање.

Во гостување на една од националните телевизии, тој посочи дека наместо формирање национален авиопревозник, Владата се насочила кон политики кои веќе носат конкретни резултати – зголемен број на патници и десетици нови авио дестинации.

-Во однос на национален авио превозник, мојот став е дека за држави под 20 милиони жители, тоа е неисплатливо, имајќи предвид дека бројот на население е далеку од тоа што се прави да има број на летови кои што можат да направат исплатливост и всушност примерите од нашиот регион тоа го покажуваат. Мислам дека овој концепт кој што го имаме сега, на благо субвенционирање на патници на доаѓање и веќе ги дава резултатите, рече Николоски и ги потенцираше примерите од соседството каде компании или едвај преживуваат или се банкротирани.

Реклама

Тој посочи дека растот на македонските аеродроми е особено изразен во првите месеци годинава, при што скопскиот аеродром бележи пораст од 30 проценти, додека охридскиот аеродром има раст од 20 проценти.

-Ние имаме 24 нови дестинации откако е избрана оваа Влада. Минатата година двата аеродроми заедно стигнаа до 3.350.000 патници. Оваа година очекувам да одат на 3,5 милиони, а веќе следната и на 4 милиони. Скопскиот аеродром оваа година во првите три месеци има раст за 30 отсто, охридскиот 20 проценти. 

Николоски додаде дека скопскиот аеродром веќе го надминал аеродромот во Приштина по однос на растот, оценувајќи дека според овој параметар, годинава ќе биде водечки на просторот на поранешна Југославија, а значително напредува и во вкупниот број на патници.