Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Николоски од Загреб: Македонија и Хрватска се пример за регионална соработка, побарана силна поддршка во надминување на состојбата со транспортерите

Силната поддршка за Македонија за евроинтегративниот процес и заложбите за интензивирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силната поддршка за Македонија за евроинтегративниот процес и заложбите за интензивирање на политичките и на економските релации меѓу Македонија и Хрватска беа потврдени на средбата во Загреб помеѓу заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, и Маријана Петир, пратеничка во хрватскиот Сабор.

Вицепремиерот Николоски, како што информираат од неговиот кабинет, на средбите го потенцирал и проблемот за транспортерите од земјата и регионот и побарал силна поддршка од Хрватска во надминување на состојбата со нивните работни активности во рамки на шенген-зоната.

Николоски истакнал дека овој проблем има регионално значење и неговото брзо надминување ќе придонесе за стабилност на регионалната економија и побрз проток на стоки и услуги кон европските пазари.

Реклама

При работната посета во Саборот, Николоски оствари средба и со Андро Крстуловиќ-Опара, претседател на Одборот за надворешна политика.

– Добрите односи меѓу двете земји претставуваат пример за регионална соработка, заснована на пријателство, заемна поддршка и визија за европската перспектива. Ваквата улога во регионот има значајно влијание врз унапредување на стабилноста во регионот, економскиот развој и интеграцијата – наведуваат од Министерството за транспорт.

На средбите, Николоски ги потенцирал и реформите што ги презема Владата во делот на евроинтегративните процеси и истакнал дека искуствата преземени од Хрватска особено придонесуваат за зајакнување на институционалните капацитети на земјата.    

– Во делот на политичката соработка, билатералните односи се карактеризираат со отворен дијалог и меѓусебна поддршка. Како две партнерски земји членки на НАТО ја делат одговорноста во обезбедување на стабилност во регионот и справување со современите безбедносни предизвици, се вели во соопштението. 

Во рамки на работната посета на Загреб, вицепремиерот Николоски имаше средба и со генералниот секретар на ХДЗ, Крунослав Катичиќ, на која биле потврдени добрите односи меѓу двете земји, а се разговарало и за перспективите за нашата држава и регионот.