Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Николоски: Нема да има парламентарни избори со локалните, Владата е стабилна

Нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Вицепремиерот Александар Николоски…

Сподели:

Нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Вицепремиерот Александар Николоски е дециден дека владата е стабилна и  турбуленциите во албанскиот коалиционен блок немаат капацитет да го урнат мнозинство.

„Владата е стабилна. ако ја гледаме само вмро-дпмне, ние и самостојно би можеле да формираме влада. дали тоа би било политички опортуно е друго прашање, но зборуваме за бројки. заедно со знам имаме стабилно мнозинство. доколку на ова се додадат уште шест пратеници од знам, тогаш стабилноста на владата е уште појасна. иако реалноста во македонија е посложена, добро е што имаме и партнери од албанскиот блок. партиите од коалицијата влен–вреди коректно ја вршат својата работа, министрите и именуваните лица работат одговорно и за тоа немаме забелешки. сè додека е така, нема причина за промени во владата,“ истакна Николоски.

Николоски упати и јасна порака дека за ДУИ нема место во актуелната влада и ако некоја  партија соработува со нив, тоа е политичко самоубиство. Според него, сите што би соработувале со дуи ќе се најдат во опозиција. На ставот на вицепремиерот Николоски реагираа интегративците. Тие оценија дека неговата изјава за политичко самоубиство доколку некоја партија соработува со нив, е шовинистичка и антиевропска. Тие остануваат на барањето за предвремени парламентарни избори.
„Изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека „соработката на една албанска партија со ДУИ е политичко самоубиство“ не е ништо друго освен доказ за нивната опасна амбиција за инженеринг на албанската политичка сцена, со цел создавање на марионетска албанска структура под целосна контрола и истовремено доказ за нивната омраза и одмазда кон ДУИ и Албанците – мотивирана од длабоки геополитички, антиевропски и шовинистички цели
“ – се вели во соопштението на ДУИ

Реклама

Коалицијата ВЛЕН обвинува дека дуи едно зборува јавно, а друго прави зад завесите. Ахмети во кампањата во мачо стил делеше “Гурабии и кекси”, за после, кога го виде резултатот, да се понуди со четири министерства, без претседател на Собрание, за да влезе во влада наместо влен. јавно се закануваа со „чизми на таванот”, а по налог на сдсм на улиците апсеа невини албанци само затоа што се осмелија да ја бранат вистината за модуларната болница“,

Претседателот на едно од крилата во Алијансата за Албанците Арбен Таравари го чека премиерот да се врати од службено патување за да разговараат на оваа тема. Во однос на изјавата на Николоски потенцираше дека тој сите ги слуша, но имале автономна партија.

Штом ќе се врати премиерот од пат, ќе се видиме и ќе разговараме, инаку имаме редовна комуникација. Тоа што го кажал господинот Николоски, сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, рече Таравари.

Јасните владини позиции на тема стабилноста на Владата и неперспективноста на шпекулациите околу повторно уигрување со ДУИ – ги фрлаат во вода сомнежите дека целата слика околу политичкиот блок на албанската заедница нема да го трасира патот за враќање на Ахмети.