Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Николоски: Најголем приоритет ни е брзата пруга на Кориодр 10- во два мандати ќе ја започнам и ќе ја изградам пругата

Најголем приоритет ми е да ја изградам брзата пруга на Коридор 10,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најголем приоритет ми е да ја изградам брзата пруга на Коридор 10, имаме голем интерес за тоа да се изгради таа пруга со висока технологија, објави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во вечарашната емисија “Само интервју” на ТВ Канал 5.

Нема поважен проект од овој, со кој што Македонија ќе ја однесе во иднината, ќе ја развива економски и проект со кој ќе фатиме чекор со светот и нема да останеме слепо црево, истакна министерот Николоски.

Во интервјуто тој нагласи дека овој проект е исплатлив и дека веќе постои проект од 1978 година за изградба на пруга со проектирана брзина од 140 до 250 km на час.

Реклама

“Ако ме прашувате за исплатливоста, тој е исплатлив. Тогашниот проект не се реализирал веројатно заради распадот на Југаославија. И тој проект би не чинел поевтино од пругата кон Бугарија, некаде по километар меѓу 6 до 10 милиони евра, што значи ако Македонија има околу 215 km пруга од Табановце до Гевгелија, тоа би значело некаде од 1,6 милијарди до 2,1 милијарда евра да се изгради пруга со две линии. Потенцирам тоа ќе биде пруга со две линии. Јас проектов ќе го завршам и нема да биде изграден од руска, кинеска или индиска компанија, ќе го почнам и ќе го завршам бидејќи очекувам ВМРО-ДПМНЕ да има два мандати”- истакна министерот Николоски.

Тој потенцираше дека брза пруга Скопје – Солун ќе значи развој на државата во целина од прични што покрај пругата можат да се градат потенцијално економски зони кои како поевтин транспорт би го користеле железничкиот.

Најави дека во текот на утрешниот ден на состанокот на министри на ЕУ што се оддржува во Будимпешта, ќе се сретне со министрите за транспорт од Грција, Србија Унгарија и Австрија, каде меѓудругото фокус тема на разговорите ќе биде и изградба на брзата пруга на Коридор 10.

Во однос на прекинување на постапка за изградба на 3-та фаза од пругата кон Бугарија, министерот Николоски потенцира дека не е против изгардба на пруга кон Бугарија, но нема да се гради по траса која е неизводлива, прескапа и на начин со обиди на корупција лично него и на претседателот на Владата за што јавно беше истакнато.