Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Економија

Николоски: Набавивме 49 нови специјализирани возила за комунална хигиена, најголема поддршка на Владата за општините во обезбедување на комуналните услуги за граѓаните

Министерството за транспорт со поддршка на Светска банка од заштеди кои што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за транспорт со поддршка на Светска банка од заштеди кои што ги направи Министерството, успеа да купи 49 возила за комунална хигиена, истакна вечерва заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. 

Во гостување на една од националните телевизии, потенцира дека возилата се наменети за поголемите општини и Град Скопје, а ќе ги користат и општините од Скопје. 

-Се работи за различни типови на камиони за собирање на смет, се работи за цистерни за перење и за миење на улици и се работи за различни типови на електрични возила коишто треба да помогнат за метeње на улиците. Вкупно 49, од коишто најголем дел ќе бидат за Градот Скопје. Чисто за споредба, вкупно Комунална хигиена имаше 40-ина возила. Исто така ќе имаме возила и за Општина Куманово, Општина Тетово, Општина Штип, Општина Велес, Општина Струмица, Општина Прилеп, Општина Дебар, Општина Кичево и Општина Охрид, а во следниот период ќе помагаме и на другите општини. Јас не можам да се сетам на друга поголема донација којашто општините во делот на зачувување на хигиената ја добиле, рече Николоски.

Реклама

Она што исто така ми е особено драго, додаде, е дека и при набавката заштедивме пари.

-Проценетата вредност беше 5,5 милиони евра, набавката заврши на 4,2 милиони евра, значи заштедивме некаде 1.300.000 евра што сега попаметно ќе ги употребиме за другите општини – истакна Николоски.