Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Николоски: Лошите политики на власта го однесоа земјоделството во катастрофална состојба

Состојбата во земјоделието никогаш не била толку катастрофална. Нивите пусти, а младите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата во земјоделието никогаш не била толку катастрофална. Нивите пусти, а младите за подобра егзистенција масовно заминуваат во странство. Ова се должи на лошите политики кои ги води оваа власт, рече потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој денеска беше во посета на струмичките општини Василево, Босилово и Ново Село каде  локалната власт интензивно гради.

  Изјава-Александар Николоски-потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ

   „Гледаме една катастрофа кадешто за само пет до шест години се преполови обработливото земјиште во државата. Тоа е резултат на лошите политики во делот на субвенционирање, се промени целосно начинот на субвенционирање што демотивираше голем број на земјоделци да работат. За жал дел од нив ги видов во Швајцарија при мојата последна посета на нашата дијаспора. Наместо да си ја гледаат среќата тука, ги видов таму„ изјави Николоски.

Реклама

Од струмичко, кое е во 4ИЕ каде Николовски е носител на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ,  испрати јасна порака  дека и на овие парламентарни избори како и на претходните, ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува најголема победа.

   „Знаете пред четири години дојдов тука За директно да се спротиставам на Зоран Заев, не беше случајно што пред четири години дојдов во 4ИЕ. Мислам дека е чесно и сега да бидам во 4ИЕ и затоа сум носител и во овие четири години заедно со пратениците мислам дека одлично се боревме за сите коишто живеат во 4ИЕ.Она што можам да го кажам е дека ќе имаме најубедлива победа во цела Македонија тука во четворката. Ќе освоиме најмногу гласови, ќе освоиме најмногу пратеници, во тоа сум убеден, такашто најголемата победа за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во 4ИЕ„ рече Николоски.

Според анкетата на ИПИС по нарачка на МРТ, ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност во изборната единица 3 и речиси четири пати поголема предност во изборната единица 4, во однос на владејачката СДСМ. Анкетата е спроведена телефонски во месец февруари и март. Во тројката се анкетирани 1010, додека во четворката 1035 испитаници.