Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес, за следната година најавуваме нови проекти за градот

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме а за следната година планираме нови проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета во Велес. 

Министерот заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот Марко Колев и пратениците, извршија увид во реконструираниот влез во градот, дел од регионалниот пат Р1312. 

„Во многу краток период сме повторно во Велес да промовираме убави работи, тоа е влезот во градот. Можам да кажам дека само оваа година во различни проекти, инвестираме некаде околу 5 милиони евра во Велес. Овој влез чини околу 750.000 евра, а преку проектот за локални патишта веќе се инвестирани оваа година 1.100.000 евра. Се работи за три улици, кои што се во тек на реконструкција, или се веќе реконструирани. Исто така преку одлуката на Влада за дотации до општините, во општина Велес треба да се инвестираат некаде околу 2.200.000 евра и тоа се договори кои што се веќе потпишани, а тука е секако и социјалната зграда, која што е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови. Така што, една навистина голема активност, за следната година најавувам уште поголеми активности, и заеднички, заедно со премиерот, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот, ќе работиме на уште повеќе проекти. Честитам 80 години слободен Велес и тие идеали на оние кои што се бореа за независна и слободна Македонија да продолжиме да ги градиме во 21 век“, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.