Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Николоски: Институциите да соберат храброст и да ја испитаат работата на „Новоматрикс“ во РЕК Битола, дали имала квалификации да работи или се работи за параван за перење на пари?

Се надевам дека институциите ќе имаат храброст и до крај ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се надевам дека институциите ќе имаат храброст и до крај ќе ја испитаат работата на „Новоматрикс“ да проверат дали воопшто имала било каква механизација за да работи во РЕК Битола, дали има било какви квалификации за да може да работи и дали има какви било стручни вработени за да работи во РЕК Битола, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%.

Николоски истакна дека на сите овие прашања треба до крај да одговори истрагата и се надева обвинителството и судството затоа што се работи за огромен епски криминал, како и треба да се одговори на прашањето дали Новоматрикс била само за параван компанија преку која биле перени пари.

Се работи за поврзан случај, имено компанијата „Новоматрикс“ се споменуваше и во конекција со друга компанија, „СВ Инвест“ која е добро позната на јавноста и се работи за истиот период за време на директорување на Васко Ковачевски каде што очигледно се правеле криминални тендери затоа што тука веќе има и замрзнување на имот, потенцираше Николоски.