Реклама
Македонија

Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 4 години ќе инвестира 10 милиони евра во општина Неготино за инфраструктурни проекти

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 4 години ќе инвестира 10 милиони евра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 4 години ќе инвестира 10 милиони евра во општина Неготино за инфраструктурни проекти, најави потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој денеска беше во оваа општина.

Николоски направи увид на се она што досега е сработено во оваа општина и најави реализација на низа нови проекти:

„Би сакал да му ќеститам на градоначалникот, на општинската организација на советот, навистина се прави една огромна работа, доволно е само да погледнете околу нас и да видите дека навистина се решава огромен проблем за голем број на жители кои што живеат тука во ова населено место, целосна инфраструктура како што кажа и градоначалникот одвод, довод. Понатаму, асфалтирање на улиците, тротоарско решение, нешто што ќе го подобри значајно квалитетот на живот на сите овие луѓе тука“, рече Николоски и додадае:

„Тука има и доста млади брачни парови со деца кои ќе можат да имаат едно пристојно место за живеење. Јас морам да признам дека е исклучително убава оваа населба и дека ќе е најубавото место за живеење во општина Неготино“.

Николоски нагласи дека со градоначалникот договориле после парламентарните избори и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Неготино да се инвестираат сериозни големи средства:

Реклама

„Планираме децентрализација на средствата од буџетот, на државно ниво планираме околу 250 милиони евра годишно да слегуваат во општините. За општина Неготино најмалку повторувам најмалку ќе слегуваат од 2 до 2.5 милиони евра што значи дека ќе имаме еден циклус четиригодишен од 10 милиони евра кој што треба да ги затворат сите отворени прашања во општината, поврзани со инфраструктурни прашања, како што се канализациони и водоводни системи, пречистителна станица доколку е потребно, асфалтирање на сите улици кои што не се асфалтирани. Понатаму решавање на сите пешачки патеки, понатаму состојбата со градинките и училиштата, како би можеле после четири години овие прашања да ги затвориме еднаш засекогаш, да има квалитетен живот за секој граѓанин на општина Неготино и на сите останати општини во државата, како би можеле после тоа да решаваме поголеми проблеми“, нагласи Николоски.

Овој силен инвестициски циклус споредф Николоски ќе почне уште од летото. Планот на ВМРО-ДПМНЕ како што кажа тој во текот на јуни да ја формираат Владата, веќе јули да има ребаланс на Буџет и онаму каде има готови проекти веќе од август да почнат да се работат тие проекти:

„Така што сум убеден дека ќе доаѓаме на отворање на многу, многу проекти како што е навистина овој убав проект еве каде што сме денеска“, нагласи Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе има средба и со земјоделците со претставниците на земјоделскиот сектор со кои ќе разговара за актуелните состојби во земјоделието за кои вели дека се многу лоши:

„Тие се лоши, тие се катастрофални, пред се од негрижата на Владата за земјоделците да се промени начинот на субвенционирање, тоа доведе до преполовување на земјоделското производство.
Овој начин на субвенционирање на земјоделието не само што не дава резултати, туку ги брка земјоделците од нивите и ги тера да си ја бараат среќата по Германија, Швајцарија, Австрија, да ја напуштаат Македонија тоа е жално и затоа ќе работиме на сериозна промена на системот на субвенционирање, враќање на добрите пракси од минатото и воведување на нови пракси кои ги носи новото време со цел подобрување на состојбата на земјоделците, зголемување на површините кои се под обработка и многу повеќе луѓе да си ја наоѓаат среќата во земјоделието“, нагласи Николоски.