Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Николоски: Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај

Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, што е силен поттик за економијата и за нови работни места, порача денеска вицепремерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Вкупнато количество превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66,7 проценти зголемено во споредба со истиот период 2024 година – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Државната статистика забележува и зголемување на карго-превозот преку авиосообраќајот, и тоа за 23,7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на почнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа по должината на Коридорот 10 – посочи Николоски. 

Реклама

Во истиот пресметковен период, додаде, во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, а во воздухопловниот превоз регистрирани се 889.153 патници, што покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска поддршка, што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување нови авиолинии.

– Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер-летовите. Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железничкиот превоз на патници, и тоа, според статистиката, превезени се 34 илјади патници – истакна вицепремиерот Николоски.