Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Николоски – Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери, кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и на суштинските реформи

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите што влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучиле заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска, на средба во Министерството за транспорт. 

 
– Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка – истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрувањето на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата. На средбата се разговараше за реализација на проектите на коридорите 8 и 10, како и на 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални проекти. Вклучноста на компании од САД во реализација на инфраструктурните проекти е од огромно значење за создавање нови знаења, технологија и практики за домашните компании и гарант за успешна реализација на капиталните проекти – потенцира вицепремиерот Николоски, наведува Министерството во соопштение.  
 
На средбата, на која, како посочува што Министерството за транспорт, „уште еднаш се потврдија одличните односи меѓу Македонија и САД“, се разговарло и за „стратешкото партнерство меѓу двете земји и силната подршка на САД во насока на јакнење на демократските процеси, структурните реформи во државата, владеење на правото, борбата со корупцијата, како и за процесот на пристапните преговори за членство во ЕУ.“  

– Во име на македонските граѓани, вицепремиерот Николоски изрази голема благодараност за поддршката што преку својот личен ангажман ја овозможуваше амбасадорката Анџела Агелер во текот на својот мандат како искрен пријател на Македонија. Пријателството и партнерството меѓу двете земји ќе продолжи во континуитет, заклучија вицепремиерот Николоски и амбасадорката Агелер преку заедничката посветеност во процесот на демократизација и спроведување на суштинските реформи – информира по средбата Министерството за транспорт.