Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Ниеден случај на Ковид 19 нема откриено апликацијата „Стоп корона“

Од 63.018 корисници на мобилната апликација „СтопКорона“ по четири месеци нема откриено…

Сподели:

Од 63.018 корисници на мобилната апликација „СтопКорона“ по четири месеци нема откриено ниту еден случај на Ковид-19,иако беше промовирана како една од главните алатки за помош во борба против корона вирусот и беше задолжителна за граѓаните. Кој ги подгреа надежите дека оваа апликација е вистинското решение за брзото откривање на заболени, е прашање за кое Алфа побара одговор од министерството за здравство. Од таму се правдаат дека за неуспешноста на апликацијата причина бил малиот одзив од страна на корисниците.

Владата на Република Македонија заедно со Министерството за информатичко општество и Министерството за здравство постојано прават напори во однос на едукација на населението за бенефитот кој постои од користењето на истата. Но, мораме да напомениме дека апликацијата се инсталира на доброволна основа. За една апликација од овој тип да се смета дека може да даде резултати, потребно е да биде активна кај најмалку 30-40% од населението. “ – велат од МЗ.

Властите во почетокот на април инсистираа дека оваа апликација може да даде резултат.

Реклама

Во обидот да се натераат граѓаните на масовно користење на апликацијата, освен пациентите и вработените од јавниот сектор беа под притисок да ја инсталираат „Стоп корона!“. Голем дел од граѓаните пак беа исплашени за користење на апликацијата поради можна злоупотреба на лични податоци. Извесен број на луѓе од љубопитност за начинот на работа се пријавиле дека се позитивни на ковид-19, иако всушност, никој од нив не бил заразен.

 

Ања Василева