Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Ниеден македонски граѓанин во Иран досега не побарал помош од МНРиНТ

Нитуен македонски граѓанин на територијата на Иран досега не побарал помош од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нитуен македонски граѓанин на територијата на Иран досега не побарал помош од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), а шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, уверува дека сите ресурси се подготвени доколку има потреба од евакуација и покрај тоа што немаме резидентно дипломатско-конзуларно претставништво во таа држава.

– Во моментот од нас не е побарана помош од ниеден македонски граѓанин на територијата на Иран – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој потсети дека МНРиНТ пред неколку дена објави повик во кој ги информира граѓаните дека не треба да патуваат во Иран поради влошената безбедносна состојба. 

Реклама

– Таму навистина има тенденција на влошување на безбедносната состојба и објавивме повеќе контакт-телефони од МНР и од нашата Амбасада во Анкара, Република Турција, кои може да помогнат да се мобилизира државата доколку постои потреба од евакуација на наши граѓани. Со Иран билатералната соработка не е на највисоко ниво, тоа го знаете, немаме резидентно дипломатско-конзуларно претставништво во таа држава, но сите наши ресурси се подготвени да ги ставиме на располагање доколку има потреба од евакуација на наши граѓани – рече Муцунски на новинарско прашање при посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Поради влошената безбедносна состојба во Исламската Република Иран, МНРиНТ завчера упати апел до македонските граѓани, кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат земјата при првите можни и безбедни услови. Истовремено, апелира и да се одложат сите патувања во Иран, кои не се неопходни.

Како што информираа од Министеството, веќе се ставени на располагање негови капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија преку 24-часовниот СОС-дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на дипломатско-конзуларното претставништво на Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.