Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Ни резолуција, ни црвени линии: СДСМ како да заборави дека неделава требаше да го поднесе текстот до Собранието

И по еден месец откако лидерот на СДСМ Венко Филипче бомбастично ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по еден месец откако лидерот на СДСМ Венко Филипче бомбастично ги најави црвените линии за бугарската тема, абер нема да им ги презентира на граѓаните и да ги достави до Собранието. Иако во екот на предизборието СДСМ самите ја наметнаа оваа тема, а минатата недела Филипче рече дека резолуцијата е во финална фаза и деновиве ќе биде презентира, сепак за нивното „Вин Вин“ решение за бугарското прашање се уште молчат. На прашање на Алфа, дали резолуцијата е спремна и кога ќе биде презентира, од СДСМ не одговорија.

Додека Филипче и СДСМ ги кројат нивните црвени линии, премиерот Христијан Мицкоски со нетрпение чека да ја види содржината. Според него доколку Филипче во скоро време не ја поднесе резолуцијата до Собранието тогаш СДСМ немајќи што друго да понуди, се обидуваа да изгради тема за нови црвени линии во однос на барањата на источниот сосед. ВМРО ДПМНЕ ќе го даде својот придонес, откако ќе ја видат резолуцијата. 

Во ред, ајде господа повелете доставете ја во парламент и претпоставуваме очекувате дека најголемата политичка партија и коалиција ако сакате да ја подржи, ќе мора да има и свое учество во содржината на истата. Затоа што би било незрело, ако вие мислите дека таа не треба да биде препознаена и дека не треба априори да биде подржана, бидејќи вие сте направиле толку квалитетен и сериозен документ, а имајќи во предвид искуството од минатата, не би се сложил со тоа, дека ВМРО-ДПМНЕ тоа така ќе го подржи бланко и ние сите среќни ќе бидеме, вели Христијан Мицкоски, премиер.

Реклама

Инаку, Филипче најави нова резолуција која според него треба да донесе деблокада и предвидливост на европскиот пат на Македонија. Тој оваа тема ја отворил и на средби со политичари во Франција. Интересно е тоа што за одбраната на националните интереси барал поддршка во Париз, токму онаму од каде ни дојде и францускиот предлог и условувањето да ги вметнеме Бугарите во Уставот, за да ги почниме преоворите со ЕУ. Филипче не откри дали во Париз ги запознал колегите со новата резолуција.

Инаку, СДСМ предизборно, се занимаваат со исцртување на македонски црвени линии кои тие во повеќе наврати ги погазија. Во 2021 македонското Собрание веќе донесе декларација во која прецизно се оцртуваат национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет. За овој документ  гласаше и СДСМ, но само една година подоцна целосно ја погази со прифаќањето на францускиот предлог кој освен што ги загрози националните интереси, ги блокираше и евроинтеграциите. Претходно се залагаше, да се направат уставни измени и да почнат преговорите, но не понуди одговор што ако Македонија попушти и бадијала ги внесе Бугарите во Уставот, а се соочи со нови услови и сопки?