Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

НФФ: Не само мелничарите, владата треба да ги консултира и поледелците пред да носи одлуки за пченицата

Не само мелничарите, владата треба да ги консултира и поледелците пред да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не само мелничарите, владата треба да ги консултира и поледелците пред да носи одлуки за пченицата, апелира Националната федерација на фармери. Од Федерацијата велат дека измените во уредбите од овој тип што ги носи владата, треба да се прават и во координација со потсекторската група за житни култури на Министерството за земјоделство. Вака направената предлог измена е само избрзана одлука која што може да е на штета на поледелците и македонската пченица, нагласуваат од НФФ и апелираат итно да се чуе и ставот на поледелците пред да се реализира уредбата.

-Националната федерација на фармери бара ваквите измени на уредби да се прават во координација и комуникација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку конкретно разгледувања на барањата во рамките на постекторската група за житни култури на МЗШВ каде што членуваат и поледелци и мелничари и потоа да се даваат како предлози на Влада за да се донесуваат одлуки. На ваков начин само се овозможува да се слушне гласот на мелничарите и се бранат само нивните ставови и интереси, без да се направи сеопфатна анализа и да се слушне размислувањето на поледелците и да се донесе заеднички конкретен заклучок, барање кое треба да биде доставено до Владата. Вака направената предлог измена е само избрзана одлука која што може да е на штета на поледелците и македонската пченица, затоа Националната федерација на фармери бара да се свика потсекторската група за житни култури во МЗШВ да се произнесе за измената на Уредбата и потоа да се влезе во процедура во Владата на, се вели во соопштението од НФФ.