Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

НФФ ја поздравува навремената реакција на држвата за злоупотребите со ИПАРД програмата

Националата Федерација на фармери го поздрави брзото и навремено реагирање на институциите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националата Федерација на фармери го поздрави брзото и навремено реагирање на институциите за случаите поврзани со злоупотребата на ИПАРД програмата. Првиот човек на Федерацијата, Јорданоски смета дека истрагата треба да се спроведе до крај и да се изречат соодветни казни. Од Федерацијата велат дека точна бројка на земјоделци кои останаа во ќорсокак со истрагата – немаат, но алармираат дека треба што побрзо да заврши целата истрага за да можат земјоделците и понатаму да ги користат средствата.

„Го поздравуваме реагирањето на институциите за случаите на злоупотреба на ИПАРД програмата. Сметаме дека истрагата треба да се спроведе докрај и да се изречат соодветни санкции. Тоа е во интерес на сите и на земјоделците и на земјоделските компании, кои се најголеми корисници на ИПАРД. Овие средства се наменети за развој и модернизација на земјоделството и руралните средини, а не за злоупотреба“ вели Стеванче Јорданоски, претседател на Национална Федерација на фармери

Расчистувањето на злоупотребите е добредојдено за да се воведе ред во овој значаен сектор кој се соочува и со други предизвици. Клучниот на кој останува да се работи во иднина е работната сила, нелојалната конкренција но и откупните цени. За земјоделците е клучно да има и засилени активности во делот на едукација но и поддршка за инвестирање во нови технологии.

Реклама

„Голем проблем за нас, земјоделците, е миграцијата и непостоење интерес кај младите да се занимаваат со земјоделство. Загрижувачки е податокот дека миграцијата на граѓаните од руралните средини кон градовите и европските држави достигна 50 проценти високо ниво. Според Пописот во 2021, Македонија се соочува и со изразена регионална нерамномерност на населението помеѓу урбаните и руралните средини“ вели Стеванче Јорданоски, претседател на Национална Федерација на фармери

Претседателот на Федерацијата истакна дека особено охрабрувачки било што се поголем број земјоделци, кои навистина живеат од земјоделството, се регистрираат како мали оператори со храна, додавајќи вредност на своите производи.

Давид Крстевски