Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Незаконското „лото“ од 8 милиони евра на Груби е само трошка- Лотарија била извор за цедење пари

Осумте милиони евра за кои е осомничен повратникот Артан Груби, е само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумте милиони евра за кои е осомничен повратникот Артан Груби, е само капка во морето сомнежи за криминал од државната лотарија, која по се изгледа била главниот извор за црни пари преку кои првенците на ДУИ исцицувале државни средства. Списокот на кривични пријави против екс-директорот Прпарим Бајрами, кој избега уште пред Груби за замине за Косово да завршел некоја работа, е долг.

Во една од пријавите поднесени од МВР, дури стоеше и името на екс-премиерот Димитар Ковачевски, кого обвинителството уште тогаш го поштеди отфрлаќи ја полициската пријава против него. Пред камерата на Алфа, екс-премиерот не сакаше да одговори како Груби може да е осомничен, а тој како негов шеф не.

-Јас ви кажав дека целото работење е достапно на институциите, сепак седниците на Влада се колективни тела, каде што се носат одлуки и тие се носат согласно законите на Република Северна Македонија и уште еднаш ви повторувам дека на ниту еден начин немам учествувано како претседател на Влада, во работењето на јавните претпријатија и Акционерските друштва во државна сопственост (Како Груби е осомничен, а неговиот шеф не е?) Ви благодарам…, кажа Ковачевски заминувајќи на 18-ти декември 2024-та година.

Реклама

Освен милионите за кои е осомничен Груби, избеганиот директор има и кривична пријава за склучени договори со кумановската Ритрон груп за набавка на апарати за коцкање, кои стоеле во магацин, а Лотарија за нив плаќала кирија. Освен апаратите со народни пари да плаќале телевизори, принтери, компјутерска и комукациска опрема, која ниту соодествувала со она што го пишувало во трите догоовори. Има и пријава за плаќање двојно поскапа кирија, а уште нерешемн е и случајот со изнајмувањерто на свадбарскиот ресторан „Фестина„. Сите случаи се забележани и истражени од државните ревизори.

-Имаме сомнеж во делот на набавката на електронски апарати за приредување игри на среќа, каде што се платени околу 9 милиони евра, а истите не се ставени во употреба. Имаме сомнеж и кај користењето на деловен простор, кој одреден период воопшто не се користел, а за него се вршеле плаќања, додека во друг период се користел исклучиво како гаражен простор“, изјави на 16-ти декември минатата година Максим Ацевски, директор на ДЗР.

И покрај големи сомнежи за криминал и корупција во Државна лотарија никој не преземаше ништо. Тогашната вицепремиерка за добро владеење Славица Грковска, се правдаше немала механизми што да прави.

Матеја Петровски