Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Нема затворски туку куќен притвор и одземање пасош за судијата Ѓоко Ристов

Судскиот совет му го симна имунитетот на судијата Ѓоко Ристов и сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет му го симна имунитетот на судијата Ѓоко Ристов и сега ќе може да оди во куќен притвор, по одлуката на Кривичниот суд. Судскиот совет најпрво ја исклучи јавноста за да му го заштити интегритетот на судијата, па откако заврши тајната дискусија на членовите, пред гласањето од Судскиот совет се поправија, ја исклучија јавноста зошто истрагата била тајна

Конечно, по два дена, откако не се знаеше каде е судијата, се огласи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Судијата Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот и за перење на пари. Обвинителството бара куќен притвор и одземање на пасош за судијата  кој деновиве на јавноста и приреди холивудско сценарио со соѕиданите 350 илјади евра во семејната куќа во Неготино.

Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде  определена мерка куќен притвор. Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост –  привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, информира Обвинителство за гонење на организиран кримибнал и корпуција.

Реклама

По ова, Судскиот совет треба да одлучува за симнувањето на имунитеттот на судијата за да може да се спроведе куќниот притвор.

Истражителите трагале подоголго време по докази. Направиле претрес во викендицата на судијата во близина на Неготино, а пред еден месец имало и претрес и на друго место. Истрагата била поткрепена и со информации и известувања од тајната служба АНБ.

Како што објавуваат дел од медиумите, по парите се трагал подолго време, а биле сокриени на ист начин како што го прават мексиканските нарко картели.

Како што објавуваат медиумите, Ристов минатата недела заминал на боледување, по што неговите колеги повеќе не го виделе. Исто така, тој веќе месец дена бил недостапен на мобилниот телефон што го користи откако се отвори истрага против адвокатот Фехми Стафа. Поранешниот државниот правобранител Стафа е во притвор за подмитување судија во скопска апелација. Неофицијално, истражителите прво извршиле претрес во станот на судијата Ристов во Скопје пред околу две недели, но тогаш не нашле ништо сомнително.

Инаку, Фехми Стафа е поранешен Државен правобранител. Поранешна колешка му е сопругата на Ристов, која работи во Државното правобранителство. Според истрагата од 14 декември, Стафа му дал поткуп на Ристов во име на обвинетиот бизнисмен Љупчо Пецов викан Ѓаволот, кој до неодамна беше во бегство.

Ѓоко Ристов пак, на јавноста и е познат по тоа што судеше во повеќе медиумско експонирани процеси, а потоа беше избран за судија во скопска апелација.

https://youtu.be/8WCjWNDSwh8