Реклама
Македонија

Нема веќе како досега: Македонската власт ја промени понижувачката политика кон Бугарија

-Љубави како си ми, кажа Пендаровски. -Многу добро, му врати Борисов. -Еј…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Љубави како си ми, кажа Пендаровски.

-Многу добро, му врати Борисов.

-Еј поздрав од Зоки, па Пендаровски испрати поздрав.

Реклама

-Многу добро! Седи тука со нас бе, го покани Борисов.

Нема веќе како досега. Токму фактот дека новата Влада не само што се откажа од потчинувачката политика на нивните претходници, туку и жестото реагира на секоја бугарска провокација. Тоа е причината за гневните и остри рекации од Софија. Љубави, брат, шампионе – се само дел од понижувачките зборови на кои досега беа навикнати Бугарите, а ги нема во речникот на новата Влада. Почнаа од екс-премиерот Заев, во живот ги одржуваше поранешниот шеф на дипломатијта Османи, а завршија со мандатот на Ковачевски.

-Прво за шампионите да дадам еден шампионски од Америка пури, му кажа Заев давајќи го подарокот.

-Тие пури радо би прифаќам. Пури коњак, покажува симболика, се заблагодари Борисов.

Провокациите на тема Бугарија беа дури и смешни за македонската политичка елита. Поранешниот прв човек на Владата, Димитар Ковачевски гласно се насмеа на невкусната шега на албанскиот премиер Еди Рама, дека бил премиер на идната Западна Бугарија.

Идна западна идна Западна Бугарија, кажа Рама, на што слатко се насмеа Ковачевски.

Понизноста на Македонија кон Бугарија, ја покажуваше и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи. По обична кафеанска тепачка, сочуствуваше со Христијан Пендиков и неговата мајка. Без воопшто да има било какви резултати од истрагата и причините за тој инцидент, кажа дека и верувал на мајката и дека Пендиков бил натепан од причина што бил Бугарин.

-Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштететниот, а тоа е дека е поради изразување на етничка припадност, и покрај тоа што еве сторителите кажуваат обратно, дека имале претходно некакви си разлики, рече Османи во интервју.

За разлика од попустливоста кон Бугарија, која беше еден вид заштитен знак на претходната власт, новата жестоко реагира на бугарските провокации. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија побара извинување од Софија, поради пропустот во кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев, каде го немаше македонското знаме при фотографирањето со претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Матеја Петровски