Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Нема веќе „клати врата, земај плата“ во Кавадарци – градоначалникот најавува проветрување на администрацијата

Преку коректно професионално однесување и со адекватно знаење за работната позиција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку коректно професионално однесување и со адекватно знаење за работната позиција на општинските службеници, општина Кавадарци ќе обезбедува поквалитетни услуги за граѓаните. „Држењето“ работни места по партиски, роднински или етнички клуч, заминува во историјата. Градоначалникот Митко Јанчев најавува „проветрување“ на локалната администрација преку посебен мерит-систем кој ги опфаќа сите административци. Веќе е формиран и тим кој работи на анализата и продуктивноста на секој вработен – од почитувањето на кодексот и колективниот договор до неговото однесување, облекување и продуктивноста на работното место.

   „Со тоа ќе се оценуваат административните државни службеници, и врз основа на таа оценка, мислам дека 5 проценти од вкупниот број на вработени, можат да добијат и награда. Трипати лоша оценка во годината, значи отпуштање од работа. Немаше храброст досега на никој да му се стави лоша оценка затоа што се очекуваше дека ќе се подобри. Е сега, тоа го најавив дека се’ ќе си биде транспарентно и објективно, и ако некој сам од себе не се срами, јас немам потреба да се срамам за некој друг“, – дециден е Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

    Особено внимание ќе се посветува и на меѓучовечките односи во колективот, кои често, кога се нарушени, создаваат директни реперкусии врз квалитетот и имиџот на институцијата. А ќе се оценува и односот на службениците кон граѓаните и клиентите. Тој мора да биде или санкциониран, или награден, јавно и транспарентно, без никаква политичка, национална, роднинска или друга заднина, уверува Јанчев.

Реклама

   “Односот на јавната администрација кон граѓаните и кон нашите клиенти, треба да биде на ниво. Не може да биде арогантен, не смее да биде дрзок, без разлика од другата страна граѓанинот на кој начин се обратил“ – категоричен е градоначалникот Јанчев.

  Вакви нови мерки за оценување на работата на службениците од јавната локална администрација неодамна најави и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Тој на последната седница на општинскиот Совет кажа дека периодот на хибернација и неработење е завршен и дека сега секој административец ќе треба да си го заслужи своето работно место согласно правилниците за работа.