Реклама

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Македонија

Нема милост за криминалци-функционери, Трипуновски ги охрабрува граѓаните и земјоделците веднаш да пријавуваат незаконски дејства

Втор директор во Земјоделство се лизна на мито поради желбата да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор директор во Земјоделство се лизна на мито поради желбата да ги заобиколи законите. По Илија Стоилев, екс директорот на Платежната агенција за земјоделците, во корупција фатен е Васе Анакиев, директор на Инспекторатот за земјоделие. И двајцата беа уапсени како флагранти како примаат поткуп кој претходно си го побарале за да завршат работа надвор од законските прописи. Анакиев, сакал рекет од  100 илјади евра, а беше фатен со половина од сумата. Стоилев пак кој седнува на обвинителна клупа во среда, побаруваше 50 илјади евра ама беше откриен уште на првата рата од 5 илјади евра.

Наместо да ги помагаат македонските земјоделци, завршија во Шутка како осомничени бидејќи првите, нуделе и делеле мито за да протуркаат апликација што не ги исполнувала условите. Вкупно обвинети се деветмина и една фирма кои идната недела влегуваат во судска постапка. Во вторниот случај пак, директорот Анакиев парите тој ги барал од сопственик на фирма за да овозможи стоката што таа ја увезувала да влезе во земјава, откако претходно била задржана на граничен премин. Образложението на осомничениот, според МВР, било дека стоката има забрана за влез бидејќи не ги исполнува законските услови за увоз. Од 5 март до четвртокот директно ги барал парите, притоа вршејќи притисок врз службени лица да не му се одобри увоз на стока на правното лице, иако таа многупати претходно била увезувана.

Ваквите случаи се јасен показател дека Владата не штити некој кој прави злоупотреби за разлика од предходно,  кога СДСМ и ДУИ од позиција на власт ги заштитувале функционерите што не ги почитувале законите порача министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Реклама
  • „Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Ги охрабрувам сите земјоделци и граѓани, доколку имаат сознанија за злоупотреби, манипулации или за било какви незаконски дејствија, веднаш да ги пријават“,порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Од министерството за земјоделство од истражните органи побараа целосно расчистување на случајот и секој кој се огрешил пред законот да си сноси одговорност.