Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Нема кадар за градинките во Штип

Со сериозен недостаток од стручен кадар се соочуваат детските градинки во Штип.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со сериозен недостаток од стручен кадар се соочуваат детските градинки во Штип. Двете градинки во Штип работат со педесетина негователки и воспитувачки помалку.  Најалармантна е ситуацијата во детската градинка Астибо, каде има потреба од 35 негователи и воспитувачи предвидени согласно критериумите за воспитно-згрижувачкиот процес. Ништо поразлично не е ниту во другата градинка Вера Циривири-Трена. Таму се потребни 12 нови вработувања со ваков профил. Освен стручен кадар, недостасуваат кувари, хигеничари и друг технички персонал. Клучот е во Министерството за труд и социјална политика од каде не даваат согласност за потполнување на веќе испразнетите места,

  „Директорите постојано алармират, бараат согласности, меѓутоа не ги добиваат. Како вработените заминуваат во пензија, работните места остануваат непополнети, а бројот на деца е исти во градиннките, такашто навистина треба да си виртуоз за да направиш таков распоред за да не трпи целиоит процес„ изјави Снежана Санева, раководител на Одделение за образование -Штип

Дополнителен проблем е тоа што не се издаваат лиценци за воспитувачи и негователи, без кои овие лица не можат да работат во предучилишните установи..

Реклама

Комисијата не се состанува, не ги подготвува тие испити и не се добиваат лиценци. И сега кога би се дала согласност за вработување, може да се соочиме да немаме кадар, бидејќи тие не располагаат со потребните лиценци за да работат во градинките„ изјави Снежана Санева, раководител на Одделение за образование -Штип

Сличен ваков проблем деновиве актуелизираа и дваесетината негователките и воспитувачките во струшките градинки, каде со години работат  со договор на дело. И таму директорката до Министерството за труд и социјална политика поднела барање за вработувања, но биле одбиени .

Александра Ристевска