Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Неколку стотици пати се намалени регистрираните прекршоци од денот на пробното пуштање, споредено со првиот официјален ден – 1-ви февруари

Над 200 пати помалку казни регистрираше првиот ден по ставањето во функција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 200 пати помалку казни регистрираше првиот ден по ставањето во функција во споредба со првиот ден од пробниот период. Ако на први декември беа регистрирани 110 илјади прекршоци, два месеци подоцна системот „фати“ околу 500 прекршоци.

Од друга страна, речиси 16 илјади казни напишала полицијата во Македонија само во јануари, од кои една петтина се однесуваат за пребрзо возење. 4.233 казни имало за неправилно паркирање, 1.611 биле фатени без возачка дозвола, а 474 возачи пиеле алхокол па седнале зад волан.

  • „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 74 лица, од кои 67 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење под дејство на дрога и психотропни супстанци или прекурсори, еден возач поради возење во забранет правец, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, четири за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место“ стои во извештајот на МВР.

Полицијата ги казнува и моторџиие и пешаците кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 184 граѓани платиле казна како пешаци кои не се придржуваат до прописите, 16 возачи на мотоцикли немале заштитен шлем, а казнет бил и еден возач на електричен тротинет. 1.093 учесници не носеле појас.

Реклама

Овие казни, надлежните очекуваат да се намалат неколку кратко откако системот „Безбеден град“ ќе се имплементира на територија на цела Македонија. За министерот Тошковски системот имал успешен старт.

  • „Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и Вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4“, потенцираше министерот Тошковски.

Безбедносниот систем што  стартуваше со примена во Скопје, Тетово и Куманово, како и коридорите 8 и 10 и регистрира брзина, црвено светло, нерегистрирано возило и недозволено запирање . Камерите мерат брзина на голема далечина, следат повеќе ленти и возила истовремено, читаат таблички и ноќе и во лоши услови. Казната ја добивата електронски, а може да ја платите преполовена во рок од 8 дена.