Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Свет

Неизвесно што ќе се случува сега со судењата против Трамп

Дали новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе биде осуден за неговите дела? Тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе биде осуден за неговите дела?

Тоа е прашање на кое останува да се одговори, бидејќи судијата на државата Њујорк, ги разгледува вонредните околности на поранешниот претседател на САД и осудениот престапник, кој исто така е иден претседател.

Во мај, Трамп беше прогласен за виновен со 34 кривични дела за фалсификување деловни досиеја за да ги прикрие плаќањата на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс за да го потисне секс скандалот пред неговите избори во 2016 година.

Реклама

Изрекувањето на пресудата на Трамп за тој случај беше одложено повеќе пати, а неговата изборна победа претходно овој месец фрли дополнителен сомнеж во правните постапки.

Суштината на ова е да се открие дали пресудата на Трамп воопшто ќе се придвижи или не. Тоа вклучува дали тоа ќе се случи пред тој да ја преземе функцијата, дали тоа ќе се случи откако ќе ја преземе функцијата или дали неговиот случај едноставно ќе биде отфрлен“.

Одбраната на Трамп тврди дека значајната одлука на Врховниот суд во јули му дава претседателски имунитет и дека случајот треба целосно да биде отфрлен.

Но, окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, тврди дека поротата донела пресуда за вина пред одлуката на Врховниот суд и дека Трамп во тоа време не бил претседател.

Во писмото до судијата, тој посочи дека обвинителите ќе се спротивстават на обидите за отфрлање на случајот, но се отворени за одложување на казната по мандатот на Трамп.

„Ако Хуан Маршан одлучи дека се согласува со предлогот на обвинителите како можност, тогаш тој би се вклучил во она што би можело да се нарече правичен прекин на постапката во светло на вонредните околности кога обвинетиот станал претседател на САД, и тоа ефективно да остане така до 2029 година, откако Доналд Трамп ќе се повлече од претседателската функција.

Случајот не е единствениот со кој новоизбраниот претседател мора да се бори.

Има и два други федерални случаи покренати од специјалниот советник Џек Смит, во еден од нив за погрешното постапување со доверливи документи и уште едно за мешање во изборите. Наводно се оставаат на крај, бидејќи долгогодишната политика на Одделот за правда наведува дека актуелните претседатели не можат да бидат обвинети за кривично дело.

Сепак, случајот за мешање во изборите во Џорџија не спаѓа под федерална јурисдикција.

„Технички, државата Џорџија е слободна да продолжи со политиката на Одделот за правда. Но, дали можат? Дали постои, дали е воопшто можно да се очекува дека ќе можат да продолжат и да ја очекуваат соработката на Доналд Трамп, што навистина ќе бара соработка од Белата куќа за да продолжи судењето додека обвинетиот ја извршува функцијата претседател на САД?“

Околностите без преседан создадоа непозната но, легална територија.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон