Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Неготино се менува со нови улици, уредени простори и конкретни инвестиции

Во изминатата година, локалната власт во општима Неготино реализираше голем број проекти.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатата година, локалната власт во општима Неготино реализираше голем број проекти. Реконструирана е улицата „29-ти Ноември“, изградени се два нови кружни текови, а започна и реконструкцијата на градскиот плоштад. Реконструирани се улиците „Маршал Тито“ и „Ленинова“, како и тротоарите на „Маршал Тито“ и „Партизанска“. Реконструирана е и улицата „Ставре Ставрев“ – стои во соопшението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во населените места реконструирани и асфалтирани се улици во Тремник, Криволак, Долни Дисан, Курија и Војшанци, а реконструиран е и патниот правец меѓу Долни Дисан, Горни Дисан и Вешје. Во урбаната заедница 5.1 се градат две нови улици со комплетна инфраструктура.

Неготино доби нов парк „8-ми Ноември“, нови семафори и дополнително уредени јавни површини. Во индустриските зони се ставени во функција нови градежни парцели за развој на индустријата и поставување фотоволтаици.

Реклама

Во делот на образованието се обезбедени средства за првачињата, награди за успешните ученици, ментори и првенци на генерации, бесплатни униформи и бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение. Во училиштата и градинките се реализираа реконструкции, доградби и опремување, а во ООУ „Гоце Делчев“ е воведена едносменска настава и продолжен престој.

Општината продолжи и со поддршката за спортските клубови, младите спортисти и спортските настани, како и поддршката за семејствата преку ваучерите за новороденчиња. Реализирани се и мерки за поддршка на повозрасните, лицата со попречености и ранливите категории граѓани.

Ова е резултат на една година работа во која општина Неготино доби нови улици, уредени јавни простори, подобри услови во училиштата, поддршка за спортот, семејствата и граѓаните.