Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки

Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 мај. Петти мај се одбележува како Ден на акушерките, а 12 -ти како Меѓународниот ден на медицинските сестри.

Настанот е во организација на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија.

-Периодов Министерството е посветено на зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи и само за два месеца направивме силен исчекор со вработување над 1.250 лица во јавноздравствениот сектор, а голем дел од нив се токму медицински сестри. Со ова, праќаме порака дека државата ја вреднува вашата работа, вашиот труд и вашата посветеност. Во делот на финансиска стимулација, минатиот месец го потпишавме Колективниот договор со Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, за покачување од седум отсто со мартовската плата, а потоа имаме утврдена динамика и за наредни покачувања на платите во наредните години – рече министерот Алиу. 

Реклама

Тој нагласи дека остануваат посветени на постојана надградба на здравствената инфраструктура, на подобрување на статусот на медицинските сестри и на континуирано унапредување во нивните образование и професионален развој.

-Заедно ја градиме иднината во која секоја медицинска сестра и акушерка ќе биде поддржана и почитувана и заеднички придонесуваме за здравствен систем според европските стандарди – посочи министерот за здравство.

Тања Трајковска, дипломирана акушерка, во изјавата за медиуми рече дека има недостиг од акушерки, особено на примарно ниво. Најголемите евидентирани проблеми биле токму од примарната здравствена заштита.

– За да бидете акушерка, треба да имате завршено високо образование. Со средно училиште не можете да бидете акушерка, затоа што акушерството самото по себе не е само професија, туку и една уметност што во себе ги вклучува и грижата за мајката и за бебето – рече Трајковска на новинарско прашање.

Порака упати и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски посочувајќи дека со силни сестри има силни здравствени установи.