Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Не пијте вода, ама до кога? И по три дена гостиварци не знаат дали водата е безбедна

Се уште нема официјална потврда откако се земени дополнителни мостри за испитување.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште нема официјална потврда откако се земени дополнителни мостри за испитување. Првите резултати покажаа присуство на фекални бактерии. в. д. градоначалникот Валбон Лимани за Алфа вели дека водата сега била исправна.

„Водата е исправна за користење но мора да се следат процедури и да се добијат резулати од следните две последователни резултати од примероци за да може конечно да се констатира дека водата може да биде ставена во упореба на домаќинствата“, вели Валнон Лимани.

Сепак, од Јавното претпријатие Комуналец се уште не потврдуваат дека е така. Последната објава, од пред три дена, е дека водата е загадена.

Реклама

„Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли, кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици“ се наведува во објавата од ЈП Комуналец – Гостивар.

Токму со сипмтоми на труење десетина гостиварци завршија на лекар – се жалеа на повраќање, дијареја, стомачни тегоби, покачена температура. Од општата болница Гостивар велат дека не може да потврдат дека водата е причинител за зголемениот број интервенции.

„Првите мостри се исправни и одговаат на микробиолошките прописи, но ги чекаме резултатите од другите мостри кои се земени за испитување во текот на денот“ изјави д-р Берон Мустафа, епидемиолог, општа болница Гостивар.

Гостивар се снабдува со вода од изворите Вруток, а во нивна непосредна близина има повеќе објекти кои немаат канализациски систем туку користат септички јами. Ова не е прв пат водата во градот да биде загадена со фекални бактерии.

Даниел Ѓорѓиевски