Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Прилози

Навала за противпожарни апарати – за една недела продадени колку за цела година

Противпожарните апарати, хидрантите и хидрантските црева се трошат како алва. По трагедијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Противпожарните апарати, хидрантите и хидрантските црева се трошат како алва. По трагедијата во Кочани за една недела продадени ПП апарати како за цела година.

Фирмите во страв од казни и затворање, а граѓаните исплашени да не ја доживеат трагичната судбина на 59-те жртви во дискотеката во Кочани, навалија и поитаа или да купат или да ги поправат противпожарните апарати и хидрантите.

Искусни лица од оваа бранша со горчина констатираат дека требаше да се случи една ваква трагедија како пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за фирмите да се свестат и да се сетат дека задолжително треба да поседуваат ваква опрема.

Реклама

„За 50% е зголемена. Малку се плашат од изјавите за казните и дополнуваат да речеме имаат еден, земаат уште еден, ако имаат три земаат, уште еден. Помалку се фирми што немале воопшто па сега да земаат“, вели Ефрим Гиевски дипломиран инжнер за пожари од „ЛАМСТОП“.

Според законот за секои 50 квадратни метри задолжително е да поседувате по една боца со тежина од 9 килограми. Рокот на траење на еден ПП- апарат е 20 години, а по неговиот истек, тој е максимално небезбеден за употреба и е потребно веднаш да се замени со нов.

„Во правилникот законски е пропишано еднаш на пет години, на апарати кои се до 15 години стари, да се прави контролно испитување“, вели Ефрим Гиевски дипломиран инжнер за пожари од „ЛАМСТОП“..

Газдите на дискотеките и ноќните клубови во просек треба да обезбедат најмалку три до четири, но и повеќе вакви апарати. Сепак според познавачите, во случајот со пожарот на дискотеката во Кочани, бројот на ПП-апарати немало да направи голема разлика, заради тоа што огнот бил преголем за да се спречи.

И сто апарати да имаше немаше да спасат ништо. И 100 хидранти немаше да спасат. Може евентурално да имало надвор хидрант да имало надворешен, со потребниот притисок на вода и количина, евентуално да може да се интервенира, но, не можело да се спаси во овој случај во Кочани, затоа што апаратите се наменети за мали и почетни пожари“, вели Ефрим Гиевски дипломиран инжнер за пожари од „ЛАМСТОП“..

Познавачите велат дека противпожарниот апарат не е само превентивно средство за лична безбедност, туку и средство за заштита на домовите, деловните простории и автомобилите и потребно е секој да го поседува. Поседувањето ваква опрема може да послужи за почетно гаснење на пожарот за да се спречи неговото натамошно ширење, но и за трасирање пат кон најблискиот излез за евакуација од просторијата што е зафатена со пожар.