Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Наумоски: „Твоја држава твоја шанса”: До вистинска правда преку нов закон, ветинг за функционери и конфискација на нелегален имот

Вистина е дека денеска корупцијата е во секоја пора од општеството, а правдата селективна и заробена од корумпираната власт. Вистина е дека наместо независно судство – има партиска контрола и јавно диктирање како треба да постапуваат обвинителите од собраниска говорница, телевизија или по телефон. Вистината е дека граѓаните не веруваат во правосудниот систем затоа што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистина е дека денеска корупцијата е во секоја пора од општеството, а правдата селективна и заробена од корумпираната власт.

Вистина е дека наместо независно судство – има партиска контрола и јавно диктирање како треба да постапуваат обвинителите од собраниска говорница, телевизија или по телефон. Вистината е дека граѓаните не веруваат во правосудниот систем затоа што систем нема.

Затоа борбата против корупцијата е во срцето на нашата програма „твоја држава – твоја шанса“. Нов Антикорупциски закон, посебно независно тело за борба против корупцијата, дигитални механизми за следење на јавните пари се првите чекори, посочи на прес-конференција Александар Наумоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

Реклама

Воведуваме ветинг за сите избрани и именувани функционери од 90 тите до денеска. Секој функционер ќе мора да објасни од каде му е имотот и како го стекнал.

Посебна мерка-итна конфискација на нелегално стекнатото богатство. Праведно е граѓаните да знаат како функционерите дошле до својот имот. Ги укинуваме имунитетите на функционерите, никој нема да биде над законот. Воведуваме ветинг и на судии и обвинители – Правдата мора да почне од оние што ја делат.

Ќе воспоставиме јавен регистар на вистинските сопственици на компаниите.

Ќе воспостаиме директна и оперативна соработка со Европското јавно обвинителство, за заштита на јавните средства и откривање на корупцијата на највисоко ниво. 

Праведно е секоја пријава за корупција да биде истражена.

Затоа предвидуваме строги механизми за автоматска проверка и институционален надзор над случаите на корупција и злоупотреба на службената положба.

Ова се праведни решенија за безкомпромисна борба против корупцијата. 

Ова се решенија за држава во која законот важи подеднакво за сите. Држава во која чесноста се наградува, а криминалот се казнува.

Само на овој начин довербата на граѓаните во системот може постепено да се врати.

Затоа што правдата не е привилегија. Таа е право на секој граѓанин.

Твоја држава – твоја шанса!