Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Наумоски: Со мерките на Народната банка им се помага на младите полесно да дојдат до стан

Мерките на Народната банка ќе им помогнат на младите парови да дојдат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерките на Народната банка ќе им помогнат на младите парови да дојдат до својот прв дом. Откако гувернерот Трајко Славески најави дека се разгледуваат можностите за поповолно кредитирање за купување на станови за живеење, а не за инвестирање, аналитичарите сметаат дека е добро што Централната банка ќе интервенира, бидејќи цените на становите се превисоки споредено со просечните примања на населението. Дополнително ,ако поголем број парови имаат сопствен дом, тоа би можело да ја забави и емиграцијата на младите работоспособни кадри.

Поволната монетарна политика треба да биде проследена и со соодветна фискална политика. Универзитетскиот професор Синиша Наумоски смета дека подетално треба да се поработи кај даноците на имот, односно повеќе да се одданочат оние што имаат повеќе станови наменети за инвестирање

Очекува и позитивни ефекти од инспекцијата на Управата за јавни приходи која во моментов испитува зошто има драстични разлики кај пријавените приходи споредено со продадените станови и зошто многу станови се плаќаат во кеш. Тој смета дека треба да се зголемат проверките за потекло на парите со кои се купуваат станови со готовина, бидејќи главно се работи за пари стекнати на нелегален начин.

Инаку Министерството за финансии ги прави последните калкулации дали ќе го задржи ДДВ при продажба на станови на сегашните 5% или пак ќе воведе стапка од 18%. Во моментов се користи повластената стапка воведена како антикризна мерка, но таа веќе 15 години не се менува , за да се држат цените на становите на прифатливо ниво.

Сепак, и покрај тоа, становите, особено оние во Скопје достигнаа рекордни цени, поради поскапувањето на материјалите, работната сила, но и разни шпекулативни потфати на пазарот на недвижности. Според официјалната статистика, во Македонија има дури 300 илјади празни станови.