Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Научна конференција за дерматологија: Редовните дерматоскопски прегледи значат рано откривање на промените, добри резултати кај третманот на лузни со ласер терапија

Редовните дерматоскопски прегледи значат рано откривање на промените, беше кажано на втората…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редовните дерматоскопски прегледи значат рано откривање на промените, беше кажано на втората научна конференција за дерматологија што се реализира овие два дена во Скопје, во организација на Клиниката за дерматологија, со учесници и од странство.  Под мотото, „Соработка и едукација“, таа ги обединува дерматолозите и лекарите од другите медицински гранки, чиј интерес се преклопува со клиничката дерматологијата. Конференцијата годинава е посветена на детската и адолесцентната дерматологија, како и на третманот на лузни од изгореници. 

Професор доктор Катерина Дамевска, директор на Универзитетската клиника за дерматологија и претседателка на конференцијата, рече дека на конференцијата се покриваат важни теми. Раната детекција и превенција од меланом, педијатриска дерматологија, како и интердисциплинарно обработување на повеќе болести, со особен акцент на ретките болести, третманот на лузни кај пациентите настрадани во пожарот во Кочани, од повеќе стручни аспекти. Таа информираше дека шеесетина повредени во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, од ноември се на третман на Клиниката.

Доктор Катерина Мирчовска, специјалист по општа хирургија, в.д. директор на Општа болница со проширена дејност Кочани, појасни дека има мултидисциплинарен третман кај повредените при пожарот во дискотеката.

Реклама

– Минатата недела во соработка со Министерството за здравство, имавме колеги од Соединетите Американски Држави, од повеќе различни специјалности. Имавме специјалисти, кои повеќе од 30 години работат во центри за изгореници. Ги консултиравме, бидејќи некогаш треба да почне и процесот на хируршки интервенции кај вакви пациенти што настрадале во пожар. За корекција, што се однесува на давање предност на функционалните  делови од телото, особено прстите и рачните зглобови, вратот, значи деловите што треба активно да се движат, нивната препорака беше, дека кај некои од пациентите, дека може да се оди и до шест и до осум циклуси на ласер терапија, пред да се одлучиме за хируршки третман. Бидејќи, од нивното богато искуство, голем дел од тие лузни реагираат добро на ласер терапијата и дека понатамошната процедура од дополнителни хируршки интервенции, би се намалила. Што значи дека од една страна и ние и пациентите, повеќе би биле во предност, доколку успееме тоа да го направиме со нехируршки третмани, за да не подлежат повторно на анестезии и хируршки интервенции. Кај сите оние, кај кои лузната ќе бара, заради подвижност на зглобови или естетски момент, секако ќе има и хируршки третмани, нагласи Мирчовска.

Професор Славица Арсова од Клиника за психијатрија, во денешната изјава за медиуми рече дека нејзината презентација е поврзана со Кочани, последиците на психолошки план по такви катастрофални настани, како пожарот во дискотеката во Кочани.

-Колективната траума што се случи во Кочани, не само што има последици кај тие што имаат настрадано блиска личност, има психолошки последици на менталното здравје и кај лицата кои преживеаја, а се стекнаа со повреди, рече Арсова.

Доктор Анџелка Илиева, специјалист дерматолог, рече, дека за жал, стапката на меланом и на кожен карцином е во пораст во државава. Затоа, додаде, произлегува и потребата од организирање на вакви научни конференции.

– Редовните дерматоскопски прегледи, значат рано откривање на промените, а раното откривање значи лекување во првите стадиуми на меланомот, кога тој стопостотно може да биде излекуван, истакна Илиева.

Покрај пленарните сесии, во рамките на конференцијата беше реализиран и курс по дермоскопија во соработка со International dermoscopy society (IDS), првенствено наменет за младите специјалисти и специјализанти.

Слушателите добиваат сертификат, што, како што беше кажано, е важно за нивниот професионален развој.