Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје. Како што информираше претседателот на СјОРМ, Башким […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје.

Како што информираше претседателот на СјОРМ, Башким Бесими, постапката за избор на нов Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, уште тече.

– Чекаме оценување од вишите јавни обвинителства, кога ќе стигнат оценките ќе направиме интервјуа и ќе закажеме седница за избор на Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје. На Крстева Цалева ѝ истекува рокот утре, затоа е донесена нова одлука во континуитет да биде истата – изјави Бесими.

Реклама

На денешната седница Советот го усвои и Годишниот извештај за работата на ВЈО Штип, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и утврди динамика за донесување подзаконски акти согласно Законот за Советот на јавните обвинители.

Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител поради исполнување услов за старосна пензија на Виолета Стојановска, а на седницата беа усвоени и одлуки за распишување огласи за основен јавен обвинител во Крива Паланка и за еден јавен обвинител во ЈО Скопје.

Во точката „Разно“ беа споделени претставки по кои се утврдени неправилности во постапување кај јавен обвинител на основно јавно обвинителство, како и кај јавен обвинител во основно јавно обвинителство за негово постапување во конкретен кривичен предмет кога е отфрлена кривична пријава против три лица.