Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Наталитетот во слободен пад, превенцијата останува клучна

Алармантен пад на наталитетот во Македонија во изминатата деценија. Ако пред десетина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алармантен пад на наталитетот во Македонија во изминатата деценија. Ако пред десетина години во земјава се раѓале повеќе од 23 илјади деца годишно, денес таа бројка паднала на само 16.000 новороденчиња. Тоа значи дека секоја година се раѓаат илјадници деца помалку – предупредуваат гинеколозите. Според нив, падот на наталитетот не е единствениот проблем. Тие алармираат дека потребни се итни мерки за подобрување на женското репродуктивно и семејно здравје во Македонија. Лекарите велат дека жените често доаѓаат на контроли предоцна, а многу семејства немаат ниту основна медицинска едукација

„Ако се навратиме на една деценија порано, кога бројот на новороденчиња беше околу 23.000, може да видиме дека имаме значителен пад од 30% за овие 10 години. Тоа за нас треба да претставува еден аларм, којшто не е само бројка, не само статистика, којшто ќе нѐ наведе да имаме поголема грижа кон жените и целокупна поддршка во женското репродуктивно и семејно здравје.” вели д-р Елена Џикова, гинеколог.

Гинеколозите бараат жените во Македонија да добијат побрз, полесен и поефикасен пристап до дијагноза и лекување, особено кога станува збор за карцином и сериозни гинеколошки состојби.

Реклама

Ние цело време се трудиме патот на жените на пример за дијагноза на карцином од било каков тип биде по една забрзана трака, да пристапот на пацинетки во било која сосотјба да биде многу лесен да можат да дојдат до соодветен специјалист или супспецијалист. Точно е дека во одредени места во Македонија нема доволно матични гинеколози, меѓутоа нашиот систем остава голема слобода да вие можете да живеете во Oхрид, а да имете матичен гинеколог од друг градвели професорот д-р Глигор Тофоски.

„Најтажен е фактот дека дел од овие би можеле да бидат откриени многу порано и лекувани со едно редовно гинеколошки преглед. ​Особено е важно да допреме до младите девојки и до младата трудна популација. Да работиме заедно да редовните гинеколошки прегледи станат навика, а не посета само кога ќе има потреба, затоа што женското здравје не смее да чека“, кажа д-р Шабани.

Од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, по повод „Недела на женското здравје“,испратија силна порака – жените да не го одложуваат прегледот и да не одат на лекар дури кога проблемот ќе стане сериозен..Апелираат превенцијата,раната дијагноза и ХПВ вакцинацијата да станат навика, бидејќи токму тоа е најсилната заштита за женското здравје.