Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

„Народот заслужува да знае која е целта на Филипче со разгорувањето тензии, предизвикани од заканите на Костадинов за ликвидација на новинар“

Веќе трет ден изминува, а СДСМ и Венко Филипче уште громогласно молчат.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе трет ден изминува, а СДСМ и Венко Филипче уште громогласно молчат. Ги нема збор да кажат, да го осудат или да се дистанцираат од јавните закани по живот на новинар од страна на нивниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивниот молк е доказ дека зад заканите и говорот на омраза на Костадинов кон новинарот, стојат токму Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев.

До некаде, молкот на Филипче и не изненадува толку. Затоа што, тоа Костадинов се охрабрува и зема сила јавно да се заканува со ликвидација на новинар, е и директно мотивирано токму од Венко Филипче.

Реклама

Затоа што тој креира и шири атмосфера на паника, страв и хаос, со цел дестабилизација, како што беше и примерот со неговиот советник во Кочани.

Тоа што СДСМ и Филипче не се оградија од Костадинов, говори дека со таквиот однос сакаат да мотивираат и други да го направат истото.

На очајниот Венко Филипче не му останува друг начин да го привлече вниманието на јавноста, па ги пушта своите пулени и послушници, како Костадинов, да сеат страв и да разгоруваат тензии.

Ваквото примитивно однесување и јавни закани од избрани функционери, не смее да поминат неказнето.

Затоа, очекуваме и го повикување Јавното обвинителство да го процесуира случајот и да отвори постапка против струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов.

Од друга страна, пак, се ближат избори и народот заслужува да знае кој е Венко Филипче, затоа бараме јавно да појасни што точно застапува и која му целта, стои во соопштението на партијата.