Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Економија

Народната банка: Во април годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка

Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка

– Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3 % поради повисоките депозити на двата сектори, со поголем придонес на депозитите на секторот домаќинства – се наведува во соопштението од Народната банка.

На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектори, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

Реклама

Монетарни движења во Македонија: април 2026 година  

– Во април 2026 година паричната маса (монетарниот агрегат М31,2) забележа месечен пад од 1,3 %, што во најголем дел се должи на намалените краткорочни депозити, помалку и на долгорочните депозити до две години, во услови на раст на готовите пари во оптек и депозитните пари. Годишниот раст изнесува 9,4 % и во поголем дел произлегува од зголемените депозитни пари и краткорочните депозити, а позитивно влијание имаат и готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.    

 – Вкупните депозити во април се намалени за 1,4 % на месечна основа во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, а депозитите на секторот домаќинства остварија раст. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3 % поради зголемените депозити на двата сектори, со поизразен придонес на секторот домаќинства. 

– Во април вкупните кредити забележаа месечно и годишно зголемување од 1,0 и 13,3 %, соодветно. Месечната и годишната промена е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектори, со поголем придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор. 

  1. Депозити и кредити на корпоративниот сектор

– Депозитите на корпоративниот сектор во април се пониски за 9,1 % на месечна основа во најголем дел поради намалувањето на краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари при пад и на долгорочните депозити, а краткорочните депозити во денари забележаа раст. Годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 6,0 б% и произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, а краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута се намалија.  

– Овој месец кредитите на корпоративниот сектор забележаа месечно зголемување од 1,0 %, кое во поголем дел е резултат на зголемените кредити во денари при дополнителен раст и на кредитите во странска валута. Споредено на годишна основа, растот од 15,0 % во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари во услови на пад на кредитите во странска валута. 

2. Депозити и кредити на домаќинствата

– Депозитите на домаќинствата во април бележат нагорна месечна промена од 1,6 %. Притоа промената произлегува во најголем дел од растот на депозитните пари, како и растот на краткорочните депозити во странска валута, долгорочните и краткорочните депозити во денари, а долгорочните депозити во странска валута остварија пад. Споредено со април минатата година, депозитите на домаќинствата се повисоки за 10,5 %, главно како резултат на зголемените депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута.  – Во април кредитите на домаќинствата остварија месечно и годишно зголемување од 1,0 и 11,9 %, соодветно, под влијание на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари. 

– Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, во април бележат месечно зголемување од 1,2 и 1,3 %, соодветно, при годишен раст од 11,2 и 16,2 %, соодветно. Овој месец автомобилските кредити остварија раст од 1,1 и 4,9 % на месечна и на годишна основа, соодветно, а кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечно и годишно намалување од 0,5 и 4,6 %, соодветно. Негативните салда на тековните сметки бележат месечно намалување од 6,3 н% во април, во услови на годишен раст од 3,7 %. Во април кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,4 и 11,2 % на месечна и на годишна основа, соодветно,- стои во соопштението од Народната банка.