Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Народната банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

По повод 34 години од монетарното осамостојување, Народната банка го истакнува значењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 34 години од монетарното осамостојување, Народната банка го истакнува значењето на независниот монетарен систем како еден од носечките столбови на економската стабилност и развојот на државата, се наведува во соопштението од Народна банка.

На 26 април 1992 година беше воведена националната валута – денарот, со што беа поставени темелите на монетарната независност на државата. Во изминатите три и пол децении, монетарната политика се соочи со бројни предизвици, вклучувајќи хиперинфлација во раните деведесетти години, макроекономска нестабилност, ниско ниво на девизни резерви и структурни слабости на економијата. Со внимателно осмислени политики и одлучни мерки, Народната банка изгради стабилен и отпорен монетарен систем.

Важен чекор во зацврстувањето на стабилноста беше воведувањето на стратегијата на стабилен девизен курс во 1995 година, а од 2002 година – врзувањето на денарот за еврото. Оваа стратегија и натаму е главното сидро на стабилноста и довербата во домашната валута и економијата во целина.

Реклама

Стабилноста на денарот беше успешно зачувана и во услови на светски кризи, вклучително и пандемијата на ковид-19, енергетската криза и геополитичките тензии. Преку соодветни инструменти и политики, Народната банка обезбеди стабилно ниво на девизните резерви и придонесе за одржување стабилен и отпорен банкарски систем, којшто постојано обезбедува поддршка за економијата.

Овој значаен јубилеј се одбележува во годината кога Народната банка слави и 80 години централнобанкарско работење во земјава. Двојниот јубилеј претставува потврда за континуитетот, институционалната зрелост и посветеноста кон стабилноста и развојот на финансискиот систем.

Во изминатите триесет и четири години, институцијата постојано ги зајакнува своите капацитети и инвестира во човечкиот потенцијал, којшто е препознаен и на меѓународно ниво. Денес, Народната банка е модерна, независна и кредибилна институција, којашто е подготвена да се справи со новите предизвици.

Во фокусот и натаму е одржувањето на ценовната стабилност и на финансиската стабилност, поддршката на евроинтегративниот процес и осовременувањето и дигитализацијата на финансиите, како приоритети што ќе придонесат за натамошно јакнење на економијата и подобрување на животниот стандард.

Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на својата основна мисија – стабилен денар и сигурен финансиски систем, како предуслов за одржлив економски развој.