Реклама

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Право за учество на Конкурсот имаат државјаните на Македонија на возраст до 35 години. Вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка немаат право на учество на Конкурсот.

Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 80.000 карактери со празните места (без фуснотите, прилозите, графиконите, табелите, апстрактот, библиографијата, анексите) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, коешто ги содржи следниве основни делови:

Реклама

апстракт;

осврт на консултираната литература од областа којашто се истражува;

опис на методите на истражување коишто се користат во трудот;

анализа;

заклучни согледувања и библиографија.

Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд коишто веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2024 година. При поднесувањето труд којшто веќе бил објавен, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.

Трудовите се поднесуваат до Народната банка со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Македонија“, по електронски пат, во формат „word“, на е-адресата: [email protected]. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Еден автор има право да поднесе само еден труд. Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или на англиски јазик.

Релевантност на истражуваното подрачје за македонскиот случај;

Соодветност на освртот на литературата од анализираното подрачје;

Јасност во дефинирањето на проблемот и на целите на истражувањето;

Соодветност на описот на контекстот и информациите (соодветност на анализата на трендовите во анализираното подрачје во Македонија);

Соодветност на користениот статистичко-економетриски пристап;

Конзистентност и логичност на тезите во трудот;

Заклучоци и препораки и нивната соодветност.

Краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2026 година. Наградата е во парична форма, којашто за првонаградениот труд изнесува 130.000 денари, додека втората награда изнесува 65.000 денари.