Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Народна банка: Усвоен Извештајот за работењето на Комитетот за финансиска стабилност за 2025 – Финансиската стабилност е задржана

Комитетот за финансиска стабилност, на седницата одржана на 5 март 2026 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комитетот за финансиска стабилност, на седницата одржана на 5 март 2026 година, го разгледа Извештајот за работењето на Комитетот и поткомитетите во 2025 година, при што беше утврдено дека финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците, соопшти Народната банка.

Во Извештајот се оценува дека финансиските институции работеа во услови на побрз економски раст, при натамошна неизвесност од светското окружување. Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, при историски највисоко ниво на адекватност на капиталот (од 2006 година наваму), подобрена ликвидносна позиција, раст на депозитите и кредитната активност, зголемена профитабилност и задржан квалитет на кредитното портфолио. Стрес-тестовите упатуваат на солиден капацитет за справување со потенцијални шокови.

Како што информира Народната банка, во однос на приватните пензиски фондови, беше заклучено дека тие и понатаму се во фаза на прибирање средства, со ниска изложеност на ликвидносен ризик. При претпазливо инвестирање и соодветна диверзификација, стапките на принос се зголемуваат, особено кон крајот на минатата година.

Реклама

Осигурителниот сектор бележи натамошен раст на продажбата, со соодветна ликвидност, солвентност и солидна профитабилност, додека останатите сегменти на финансискиот систем (штедилниците, друштвата за лизинг, инвестициските фондови и финансиските друштва) и натаму имаат мал удел и ограничено значење како извор на системски ризик.

-Посебно внимание му беше посветено на пазарот на недвижности, којшто и во 2025 година се одликува со силна побарувачка, раст на понудата и двоцифрен раст на цените, над долгогодишниот просек. Во услови на забрзано станбено кредитирање и засилени градежни активности, беше нагласена потребата од внимателно управување со ризиците, заради спречување на прекумерната задолженост и за зачувување на стабилноста, наведува Народната банка.

Во 2025 година, Народната банка примени пакет макропрудентни мерки, со кои ја зголеми стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% на 2,00% (со примена од четвртото тримесечје на 2026 година), а ги заостри и мерките насочени кон кредитирањето на физичките лица, заради превентивно делување врз потенцијалните ризици во сегментот на домаќинствата и пазарот на недвижности. Истовремено, беше олеснето кредитирањето за купување или изградба на прво живеалиште.

Комитетот ја нагласи потребата од натамошно внимателно следење на ризиците и координирано дејствување на финансиските регулатори, коишто располагаат со соодветни инструменти за навремено реагирање. Финансиската стабилност и натаму е приоритна, а институциите се подготвени да постапуваат соодветно во рамките на своите надлежности и во наредниот период.