Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Народна банка: Според Извештајот на ЕК – висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика

Усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на високо ниво, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Во извештајот се нотира дека монетарната политика беше соодветно поставена за справување со високата инфлација, како и дека инфлацијата е намалена од 19,8% во октомври 2022 година на 2,2% во август 2024 година. Во Извештајот се нагласува и потребата од дополнителни законски измени за зајакнување  на одредбите за независноста на централната банка.

„Основната цел на централната банка е да постигне и одржува ценовна стабилност. За да ги ограничи инфлацијата и инфлациските очекувања и притоа ја поттикне денаризацијата, централната банка ја зголеми основната камата, а реагираше и преку повлекување на ликвидност и преку задолжителната резeрва“, се наведува во Извештајот и се посочува дека централната банка престанала со затегнувањето на монетарната политика, штом се олабавиле инфлациските притисоци.

Европската комисија посочува дека банкарскиот сектор покажа дека е отпорен, додека макропрудентната рамка беше зајакната. Адекватноста на капиталот е значително повисока од регулаторните барања. Ликвидноста е висока, додека уделот на нефункционалните во вкупните кредити е на историски најниско ниво. Макропрудентната рамка е понатаму зајакната, со тоа што Народната банка продолжи да ја зголемува стапката на контрацикличниот капитал и воведе макропрудентни мерки за надминување на ризиците кај пазарот на недвижности.

Реклама

Зајакнувањето на правната и институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност, исто така е истакнато во рамките на Извештајот, при што е посочено дека централната банка продолжила да ги унапредува механизмите за следење на ризици и усогласување на супервизорската рамка со барањата на ЕУ. Акцент во извештајот се става на донесениот Закон за решавање на банки за кој во тек е изработката на подзаконските акти.

Во извештајот се посочува и носењето на Законот на плаќања и платни системи во контекст на усогласувањето со европските директиви, како и поднесувањето на апликацијата за членството на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Исто така се истакнува дека централната банка отворила посебна организациска единица за заштита на потрошувачите и разгледување на нивните поплаки.