Реклама

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

Македонија

Народна банка ја намали основната камата за 0.25 процентни поени

Народната Банка одлучи да ја намали основната камата за 0.25 процентни поени,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната Банка одлучи да ја намали основната камата за 0.25 процентни поени, на ниво од 5.8%. Ова благо релаксирање на монетарната политика е сигнал кој може да влијае на благо намалување на каматите на комерцијалните кредити.

-Со промената на каматната стапка на благајничките записи, при непроменети каматни стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена, се задржува внимателниот пристап кон водењето на монетарната политика. Ова се должи на контекстот којшто вклучува ризици поврзани со надворешното окружување, но и со домашните фактори коишто влијаат врз агрегатната побарувачка, велат од Народна Банка

Годишната инфлација во септември изнесува 2.6%, со зголемување на цените на храната, но базичната инфлација е стабилна.

Реклама

Народната банка изразува подготвеност да ги користи сите потребни инструменти за да го задржи девизниот курс стабилен и да ја одржи ценовната стабилност на среден рок.

Во текот на вториот квартал на 2024 година, економскиот раст забележа зголемување од 2.3%, што е во согласност со прогнозите на банката. Растот во првата половина од годината е 1.8%, со позитивни индикации за третиот квартал, особено во индустриското производство и трговијата.